Слот е мајстор за негативни рекорди - Ливерпул никогаш не бил полош!
Бројките не одат во полза на Арне Слот, неговата иднина е неизвесна, иако до пред некое време изгледаше дека сигурно ќе остане на Енфилд.
Со поразот од Астон Вила, Ливерпул урна два негативни рекорди.
Ливерпул прими 52 голови оваа сезона во Премиер лигата, тоа е најмногу примени голови за овој тим откако најдобрата англиска лига има 38 кола.
Арне Слот стана тренерот со најмногу порази во една сезона во Ливерпул во сите натпреварувања. Тој оваа сезона загуби 20 пати и го надмина Рафа Бенитез.