Гвардиола индиректно го одговори прашањето што сите сакаа да го слушнат!

Денеска од 16 часот на Вембли се игра финалето од ФА Купот, Манчестер Сити против Челси, а на прес-конференцијата пред мечот Пеп Гвардиола потврди дека и следната сезона ќе биде на клупата на англискиот клуб.

Гвардиола има договор со Сити со трајност до јуни 2027 година, но се шпекулираше дека може да замине по оваа сезона, а на негово место да дојде Мареска.

Неизвесна беше иднината на Гвардиола во Сити, но една негова изјава на прес-конференцијата посочи дека тој ќе остане на Етихад.

„Дали ова е моја последна посета на Вембли? Нема шанси! Нема шанси, имам уште една година од мојот договор“, одговори Гвардиола на прашањето од новинарот кој алудираше на тоа дали ќе замине од Сити.

Фото: X/Manchester City