Керик ќе го води Манчестер јунајтед, познати сите детали!
Керик пред неколку месеци доби шанса да го води тимот по отказот што го доби Рубен Аморим, а таа можност ја искористи на најдобар можен начин.
Поранешниот играч од средниот ред на „Олд Трафорд“ ги предводеше „црвените ѓаволи“ до третото место на табелата, со што ја доби довербата на управата на клубот, која одлучи да го задржи на менаџерската позиција.
Одлуката е одобрена и од мнозинскиот сопственик на клубот, Џим Ретклиф, а наскоро се очекува и официјална потврда.
Керик ќе потпише договор до летото 2028 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Пред Јунајтед, тој го водеше и тимот на Мидлзбро, а како играч остави длабока трага на „Олд Трафорд“, со 464 настапи и статус на клупска легенда.
Настапуваше и за Вест хем, Тотнем, Свиндон и Бирмингем, додека за репрезентацијата на Англија забележа 34 настапи.
Фото: Мanchester United