Синер мерка нов рекорд на Ѓоковиќ, ама за него треба да ги освои „Ролан Гарос“ и Вимблдон
Италијанецот веројатно нема да запре тука, неговата следна цел е уште еден рекорд поставен од српски тенисер. Синер не е само во одлична форма, туку тој сериозно се заканува на некои од најимпресивните победнички низи во историјата на АТП турнејата.
Со стигнувањето до полуфиналето во Рим, Италијанецот ја забележа својата 27. победа воопшто, на сите турнири, надминувајќи го Андре Агаси со што се најде на седмото место на листата на сите времиња. Серијата на Синер почна на првиот натпревар на турнирот во Индијан Велс, ако стигне стигне до финалето во Рим, ќе се израмни со Енди Мареј на шестото место, а ако го освои својот прв трофеј во Рим и со тоа ја комплетира колекцијата титули на Мастерс турнирите, ќе биде израмнет со Пит Сампрас на петтото место.
Новак Ѓоковиќ ја предводи листата со неверојатни 43 последователни победи, додека Роџер Федерер - човекот кој ја прекина епската серија на српскиот тенисер - е втор на оваа ексклузивна листа со 41. За да се израмни со Ѓоковиќ, Синер мора прво да триумфира во Рим, а потоа да ги освои титулите на „Ролан Гарос“ и Вимблдон бидејќи изјави дека меѓу овие два Гренд слема нема да игра на други турнири.
Ако му успее ова, италијанскиот тенисер ќе собори и друг рекорд – ќе стане најмлад освојувач на сите Гренд слем и Мастерс турнири на АТП турот.