Столе брани во страшна форма, пак беше херој на Валенсија! (ВИДЕО)

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски во финишот од сезоната брани во фантастична форма и денеска повторно беше херој на Валенсија.

Валенсија ремизираше во натпреварот против Рајо Ваљекано (1-1), а за освоениот бод огромни заслуги има Димитриевски кој одбрани зицер на гостите.

Двата гола во натпреварот беа постигнати во првото полувреме, прво Лајун го отвори резултатот по 20 минути игра, а во финишот од првиот дел Лопез го постави конечниот резултат.

Рајо во првиот дел не реализираше и пенал преку Нтека кој ја погоди стативата.

 

Фото: Valencia CF