Ангеловски претставен во Таџикистан: Критикувајте ме мене, не играчите и федерацијата!
За Ангеловски ангажманот на клупата на Таџакистин е прв селекторски откако ја заврши соработката со Македонија.
„Сакам да му се заблагодарам на раководството на Фудбалската федерација на Таџикистан за топлиот пречек. Уште од првите денови ја чувствувам поддршката од сите вработени во Федерацијата“.

Во неговиот стручен штаб се Милан Илиевски и Иван Јовановски со кои соработува долго време.
„Милан Илиевски и Иван Јовановски ќе ми помагаат во репрезентацијата на Таџикистан. Со нив соработувам многу години. Илиевски ќе биде мој асистент, а Јовановски тренер за физичка подготовка“.
Испрати порака и дека ако има критики, тие да бидат за него.
„Ова за мене е нов предизвик. Сакам веднаш да кажам: критикувајте ме само мене, не играчите и не Федерацијата. Целата критика нека биде насочена кон мене. Свесен сум за одговорноста што ја носи селекторската функција. Ќе направиме сѐ што можеме за да ги израдуваме навивачите и достоинствено да го претставуваме Таџикистан на меѓународната сцена“, порача меѓу другото популарниот Мрме.