Преговорите се во завршна фаза: Мурињо по 13 години се враќа во Реал Мадрид

Реал Мадрид ова лето го очекува голем ремонт, а најпрво се очекува ангажирање на нов тренер и тоа треба да биде Жозе Мурињо.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека преговорите меѓу „Специјалниот“ и „кралевите“ се во завршна фаза, односно наскоро се очекува Мурињо да потпише договор со шпанскиот гигант.

„Договорот меѓу Мурињо и Реал Мадрид е многу блиску. Истиот може да биде потпишан во следните денови, откако Флорентино Перез повика нови избори. Мурињо е подготвен. Запрени се неговите преговори со Бенфика за нов договор. Перез го има последниот збор за неговиот ангажман“, објави Романо.

Фото: Facebook/Sport Lisboa e Benfica