Динамо го освои Купот, се израдува и Хајдук (ВИДЕО)
По обезбедената титула во првенството, вечерва триумфираше и во Купот на Хрватска откако во финалето ја совлада Риека со 2-0. Херој беше Стојковиќ кој ги постигна двата гола, во 50. и 57. минута од мечот.
На победата на Динамо се израдуваа и во Хајдук бидејќи сплискиот тим ќе игра во квалификациите за Лигата Европа. Ако победеше Риека, Хајдук ќе настапуваше во квалификациите за Конференциската лига.