Миленкоски го скрати списокот со одбојкари пред собирот во Скопје

Селекторот Јошко Миленкоски, по комплетирање на првиот дел од подготовките, го скрати списокот на 17 одбојкари кои ќе бидат во конкуренција за претстојните натпревари.

Миленкоски ги задржа најискусните одбојкари во репрезентацијата, а ќе им даде шанса и на младите Лука Ристоски, Јован Милев, Митко Спасов и Филип Јованов.

Одбојкарите ќе се подготвуваат до 27 мај во Скопје, по што патуваат за Подгорица каде ќе играат пријателски двомеч со Црна Гора, а потоа ги чека првиот турнир од Европската лига 2026, кој е закажан од 5 до 7 јуни во Струмица.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија