Маунт најмногу се радува на пласманот на Манчестер јунајтед во ЛШ

Манчестер јунајтед се пласира во Лигата на шампиони (ЛШ), откако драстично ги подобри резултатите во финишот од сезоната, а на враќањето во елитата најмногу се радува Мејсон Маунт.

Англискиот фудбалер има голема причина за радост поради пласманот во ЛШ со Манчестер јунајтед бидејќи неговата плата ќе се зголеми на неверојатни 290.000 евра неделно.

Маунт пристигна на „Олд Трафорд“ во 2023 година од Челси за 60 милиони евра, а оваа сезона настапи на 23 меча и постигна три голови и една асистенција.

Фото: Facebook/Manchester United