САД не им одобриле визи на фудбалери кои треба да играат на СП!

Скандал на еден месец до почетокот на Светското првенство, пет фудбалери на репрезентацијата на Ирак биле одбиени за виза од Соединетите Американски Држави (САД).

Американските власти ги одбиле барањата за визи на Хајдер Абдул Карим, Моханад Али, Ибрахим Бајеш, Али Ал-Хамади и Заид Тахсин, петмина репрезентативци на Ирак.

Фудбалската федерација на Ирак веднаш реагирала и почнала разговори со Американците со цел да се надмине ситуацијата.

Се активирале и дипломатски претставници со цел фудбалерите да добијат виза, засега не е познато дали ситуацијата ќе се реши позитивно, но би било скандалозно ако фудбалери не можат да играат на Мундијалот затоа што така решиле властите.

Досега нема информација која е причината за одбивањето.

Ако одлуката не биде променета, отсуството на фудалерите ќе биде удар за селекцијата на Ирак.