Баерн пак ќе пазарува од Премиер лигата, договорен е нов трансфер!
Според англиските медиуми, Гордон и Баерн Минхен си подале рака, Англичанецот ги прифатил личните услови.
Њукасл бара околу 75 милиони фунти за нивниот фудбалер, сума која наводно Баерн е подготвен да ја плати.
Засилувањата кои Баерн ги донесе од Премиер лигата во последно време се погодија, па Баварците се надеваат дека иста ќе биде приказната и со Гордон.
Тие претходно ги донесоа Кејн од Тотнем, Олисе од Кристал Палас, Дијаз од Ливерпул...