Пелистер го промовираше Червар, а тој невешто проговори и македонски! (ВИДЕО)
Поранешниот селектор на Хрватска и Македонија потпиша двегодишен договор и ќе го предводи „зелено-белиот“ проект во сезоната 2025/26. Во Битола не кријат дека амбициите остануваат највисоки, а изборот на Червар е јасна порака дека клубот сака дополнително да го подигне нивото по освоените три шампионски титули и настапите во Лигата на шампионите.
Легендарниот стратег со смешна порака на невешт македонски јазик им се обрати на навивачите на овој клуб.
„Чест ми е што доаѓам во Пелистер, кој има голема ракометна традиција. Ќе направам се со моето искуство и заедно со играчите и управата да промовираме нови идеи како на спортски така и на организациски план“, рече меѓу другото Червар.
Хрватот важи за едно од најголемите тренерски имиња на овие простори. Во кариерата беше селектор на Италија, Хрватска и Македонија, а клупски ги водеше Загреб и Металург. Со хрватската репрезентација освои олимписко и светско злато, додека во македонскиот ракомет остави длабока трага преку работата во Металург и македонската репрезентација.
Неговата официјална промоција во Битола се очекува во наредниот период.