Епилог по ужасот на дербито во Прага – изречена најголемата казна во историјата (ВИДЕО)
Како дополнителна санкција, прашкиот гигант ќе мора следните четири домашни натпревари да ги игра пред празни трибини. Хаосот избувна кога навивачите на Славија прерано влегоа на терен за да ја прослават титулата. Ситуацијата брзо ескалирала – дел од хулиганите нападнале фудбалери на Спарта, меѓу кои и голманот Јаков Суровчик, додека на теренот летаа факели и пиротехника. Поради сето ова, натпреварот беше прекинат.
Првиот човек на дисциплинската комисија изјави дека станува збор за „еден од најсериозните инциденти во историјата на чешката лига“.
„Славија целосно потфрли во организацијата и безбедноста. Клубот морал да биде подготвен за можен упад на навивачи при освојување титула“, порача Мацнер.
Казната има и огромен спортски удар – по службениот пораз, разликата меѓу двата ривали се намали на пет бодови, а Спарта си обезбеди најмалку второ место. Ниту гостинските навивачи не поминаа без санкции. Спарта Прага е казнета со 24.000 евра поради уништување на делови од стадионот и нереди на гостинската трибина.
Во меѓувреме, Славија веќе ја затвори трибината на најжестоките навивачи, на еден фан му е доживотно забранет влез на стадион, а двајца играчи се суспендирани поради црвените картони во дербито.