Нов рекорд: Меси доби двојно поголема плата – заработува трипати повеќе од вториот на листата!
Според официјалниот извештај на Асоцијацијата на играчи на МЛС за 2026 година, Меси ќе добива основна плата од 25 милиони долари, додека вкупната гарантирана заработка изнесува дури 28,3 милиони долари. Со тоа, Аргентинецот заработува речиси трипати повеќе од вториот најплатен фудбалер во лигата – Сон Хеунг Мин од Лос Анџелес ФЦ, кој инкасира околу 11,1 милиони долари годишно. Неверојатна е и разликата во буџетите на клубовите. Платниот фонд на Интер Мајами достигнал 54,6 милиони долари, што е повеќе од 20 милиони повеќе од вториот на листата – Лос Анџелес ФЦ со 32,7 милиони.
Меси во 2025 година потпиша нов тригодишен договор до 2028 година, а во меѓувреме му ја донесе и првата титула во МЛС на клубот од Мајами. Аргентинецот и натаму доминира и на теренот – има 59 гола на 64 натпревари во регуларниот дел од сезоната, а само сезонава постигна девет погодоци на 11 меча.
Во Топ 3 најплатени во МЛС е и Родриго Де Пол, кој исто така настапува за составот на Дејвид Бекам, кој заработува речиси 9,7 милиони долари годишно.
ФОТО: X / InterMiami