Уште еден Србин си оди од Пелистер: Радивојевиќ се сели кај Гарабаја
Од Битола си заминува и десното крило Богдан Радивојевиќ, но за разлика од Абутовиќ, тој нема да се врати во татковината, туку ќе продолжи во Турција. Моцартспорт објави дека од идната сезона тој ќе биде играч на Бешикташ кој таму ќе му се придружи на својот поранешен тренер од Пелистер, Рубен Гарабаја. Тоа значи дека Радивојевиќ ќе ја прекине серијата од 15 сезони и претстојната нема да игра во Лигата на шампионите.
Искусниот крилен играч го носеше дресот на Пелистер претходните три години, со овој клуб освои две шампионски титули, но сезонава се вклопи во сивилото кое го зафати битолскиот тим. Пред да дојде во Македонија, настапуваше за Пик Сегед, Рајн Некар Левен, Фленсбург и Партизан.
Покрај Абутовиќ и Радивојевиќ, засега од Пелистер е потврдено и заминувањето на словенечкиот интернационалец Домен Тајник кој ја продолжува кариерата во Слован.