Ако дојде Мурињо, најмалку девет фудбалери ќе „летаат“ од Реал
Најмалку девет фудбалери треба да бидат продадени, позајмени или ќе заминат со слободни трансфери по завршувањето на тековната сезона. Се очекува ветераните Давид Алаба и Дани Карвахал да заминат по истекот на нивните договори ова лето, додека играчот од средниот ред Дани Себаљос се смета за вишок и веројатно ќе си замине откако му се намали минутажата во последните недели.
Аргентинската ѕвезда Франко Мастантуоно, кој пристигна од Ривер Плата во 2025 година треба да замине на позајмица, додека „Лос Бланкос“ исто така сакаат да се ослободат од Едуардо Камавинга, Раул Асенсио, Гонзало Гарсија и Фран Гарсија. Резервниот голман Андриј Лунин исто така би можел да замине доколку се достави вистинска понуда за украинскиот интернационалец, кој несомнено има квалитети за прв избор на голот, но не во Реал, покрај Куртоа. Мурињо ќе го има последниот збор и околу Валверде за кого исто така последните денови се зборува дека ќе си замине.
Сето тоа ќе донесе потреба од нови фудбалери, но допрва ќе се одлучува кој ќе го засили тимот од „Бернабе“.