Хулиганство на арапски начин: Шеици се тепаа со палки на мечот на Роналдо (ВИДЕО)
Сцените што се појавија на социјалните мрежи шокираа дел од светската јавност – наместо фудбалски спектакл, на трибините се гледале турканици, паника и навивачи кои мавтале со палки. Според локалните медиуми, обезбедувањето брзо реагирало за да спречи уште поголем инцидент, но во ложата настанал целосен хаос. На снимките се гледа како луѓе во страв ја напуштаат трибината додека трае вербална и физичка пресметка.
Саудиската Про лига последните години е во центарот на вниманието поради доаѓањето на светски ѕвезди како Роналдо, Каарим Бензема и Садио Мане. Натпревар заврши нерешено, па шампионската трка ќе се решава во последното коло, но во сенка на насилството на трибините.