Синер се пласира во четвртфинале на турнирот во Рим
Синер во првиот сет му дозволи на ривалот да освои само два гема (6-2), а неговата доминација продолжи и во вториот сет каде што славеше со 6-3.
Првиот тенисер во светот во четвртфинале ќе се соочи против победникот од мечот меѓу Андреј Рубљев и Николоз Басилашвили.
Шокантна елиминација доживеа Александер Зверев, кој загуби со 1-2 во сетови од Лучиано Дардери.