Први снимки од скандалот во Италија, Тео Ернандез бил главен организатор (ВИДЕО)

Неодамна во Италија силно одекна скандалот со забави на познати фудбалери со ескорт девојки, а сега за првпат се појавија и снимки од дел од забавите, но и нови детали.

Имено, според последните информации, еден од главните организатори бил Тео Ернандез во времето додека го носеше дресот на Милан. Ернандез кој денеска член на Ал Хилал за Милан играше од 2019 до 2025 година и во тој период одигра 262 натпревари во кои постигна 34 гола и додаде 45 асистенции.

Исто така се наведува дека со него на забавите речиси секогаш присуствувале: Чалаханоглу, Брахим Дијаз, Самуел Кастиљехо, Донарума и Тонали, поретко доаѓал Леао, додека Ибрахимовиќ се појавил само еднаш.