Алонсо се враќа на фудбалот и тоа во Премиер лигата?
„Сините“ веќе променија двајца стратези, Енцо Мареска и Лијам Розениор, а според последните информациите сега во Лондон размислуваат за ангажман на Чаби Алонсо.
Шпанскиот стратег во моментов е без клуб, откако неодамна доби отказ во Реал Мадрид, но со оглед на ситуацијата во „кралскиот клуб“, тешко е вината за неуспехот целосно да се насочи кон него. Алонсо претходно остави силен впечаток на клупата на Баер Леверкузен, каде што покажа сериозен тренерски потенцијал, а истиот извор наведува дека 44-годишниот Шпанец е отворен за можноста да го преземе Челси, иако сè уште нема конечна одлука.
Името на Алонсо често се поврзуваше и со клупата на Ливерпул, клуб во кој настапуваше како играч. Сепак, според информациите од Англија, тимот од „Енфилд“ и следната сезона ќе продолжи со Арне Слот како менаџер и покрај сезоната што не ги оправда очекувањата.
Покрај Алонсо, како сериозен кандидат се споменува и Андони Ираола. Шпанецот прави одлична работа на клупата на Борнмут, со кој има реална шанса да обезбеди историски пласман во Лигата на шампионите. Ираола веќе најави дека на крајот од сезоната ќе ги напушти „црешите“ и сигурно ќе биде еден од најбараните тренери летово.
Фото: Real Madrid C.F🚨 Chelsea exploring deal to appoint Xabi Alonso as next head coach. 44yo former #RMFC boss understood to be open to possibility, although nothing decided yet as process continues. Andoni Iraola also strong contender ahead of departing #AFCB @TheAthleticFC https://t.co/39GzR6Z1Nc
— David Ornstein (@David_Ornstein) May 11, 2026