Гвардиола воодушевен од еден свој фудбалер: Може да биде како Јамал и Винисиус!

Стратегот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е воодушевен од својот фудбалер Жереми Доку за кого верува дека е рамо до рамо со најдобрите во светот.

Гвардиола го спореди својот фудбалер со ѕвездите на Реал Мадрид и Барселона, Винисиус Жуниор и Ламин Јамал.

Белгискиот офанзивец се наоѓа во одлична форма во клучниот дел од сезоната за Манчестер сити, откако постигна голови на три последователни натпревари во завршницата од битката за титулата во Премиер лига.

По победата од 3-0 против Брентфорд, во која Доку повторно беше еден од најдобрите на теренот, Гвардиола доби прашање дали неговото крило може да го достигне нивото на ѕвездите на Реал и Барселона.

„Апсолутно. Задоволни сме. Сега ни носи победи на натпреварите, но отсекогаш игра навистина добро“, изјави шпанскиот тренер за својот брз крилен напаѓач.