Навивачи на Арсенал завршија на трибината на Вест хем и добија – ќотек!

Арсенал изминатиот викенд успеа да слави победа против Вест хем на гостински терен со 1-0, а овој дуел неколку фанови на „топџиите“ го следеа од трибината полна со домашни навивачи.

На социјалните мрежи се појави снимка на која може да се види како навивачи на Вест Хем насилно исфрлаат помала група за која откриле дека станува збор за навивачи на нивниот ривал.

„Топчиите“ со победата од 1-0 ја зацврстија лидерската позиција во трката за титулата, додека „чеканите“ дополнително се доближија до опасната зона.

Физичкиот инцидент избувнал по решавачкиот погодок на гостите кој го постигна Тросар, а токму прославата на голот ги открила навивачите на Арсенал кои се наоѓале на погрешна трибина.