Ќе има ремонт во Мадрид, сигурни се само седум фудбалери!

Реал Мадрид зад себе има катастрофална сезона по која се очекуваат големи промени и реконструкција во текот на летниот период. 

„Кралевите“ потфрлија резултатски и нема ниту едно натпреварување во кое ги оправда очекувањата, а такво нешто во клуб како Реал Мадрид не се простува лесно.

Поради тоа, претседателот Флорентино Перез веќе започнал со конкретни потези, а прво го решил прашањето околу новиот тренер. Според најавите, тоа треба да биде Жозе Мурињо кој по 13 години би се вратил на „Сантијаго Бернабеу“, со задача да воспостави стабилност и авторитет во тимот.

Најавена е и голема реконструкција на играчкиот кадар, а според информациите само седум фудбалери ќе бидат „недопирливи“. Тоа се голманите Тибо Куртоа и Андриј Лунин, како и Џуд Белингем, Федерико Валверде, Арда Ѓулер, Килијан Мбапе и Ендрик.

Сите останати играчи се ставени на продажба или ќе го напуштат клубот по истекот на договорите ова лето.

Меѓу нив е и Винисиус Жуниор, кого Реал начелно сака да го задржи, но засега двете страни не успеваат да постигнат договор околу платата во новиот договор, актуелниот му истекува во јуни наредната година.

Фото: Real Madrid CF