Реакцијата на Луис Енрике за победата на Барса стана хит! (ВИДЕО)
Додека се играше Ел Класико, ПСЖ имаше натпревар во Лига 1 против Брест кој го доби со 1-0.
На средбата со новинарите по натпреварот, Луис Енрике најпрво праша како завршило Ел Класико. Кога слушна дека Барселона победила, извика „Тоа“ и направи гест со раката.
Неговата реакција стана хит на социјалните мрежи.
Интересно, Луис Енрике како фудбалер играше пет години за Реал Мадрид, а потоа премина во Барселона каде остана осум години, беше и капитен. Како тренер три години беше на челот на Барселона.