Мусовски го спаси Сиетл од пораз и беше прогласен за - играч на мечот! (ВИДЕО)
Сан Диего поведе уште во 18. минута. Мусовски во игра влезе по 15 минути игра во вториот дел и само за половина час покажа зошто треба да биде стартер.
Македонецот постигна гол во 80. минута за 1-1, што беше и конечен резултат на мечот.
Тој беше прогласен и за играч на натпреварот.