Барселона го уништи Реал Мадрид и ја освои титулата во Ла Лига (ВИДЕО)
Првиот гол беше ремек-дело на Маркус Рашфорд од слободен удар во деветтата минута, додека во 18. минута погоди Феран Торес по прекрасна асистенција на Дани Олмо.
„Кралевите“ успеаја да погодат преку Џуд Белингам во вториот дел, но голот беше поништен поради офсајд, по што гостинскиот тим не направи ништо посебно до крајот на средбата и делуваше пасивно на теренот.
Барселона на три кола пред крајот има 91 бод и ја освои титулата, додека Реал Мадрид останува втор со 77 поени.
Фото: Facebook/FC Barcelona