Хаос во Штип: Управата на арачиновци влета на терен, фрштеа црвени картони! (ВИДЕО)
Мечот беше прекинат во 66. минута кога Брегалница доби пенал и го реализираше за израмнување на 1-1.
Гостите се бунеа поради досудената најстрога казна, имаше ерупција на незадоволство од сите страни, а ситуацијата зовре кога по протестите на фудбалерите, на теренот влета и дел од раководството на гостите од Арачиново, кои беа на трибината со гостинските навивачи.
По хаосот во кој мораше да интервенира и полицијата за да спречи поголеми немири, следуваа и неколку црвени картони, исклучен беше тренерот на штипјани, Влатко Костов, како и комесарот за безбедност на Шкендија.
Натпреварот продолжи откако беше во прекин десетина минути. На крајот, мечот заврши 1-1, резултат кој повеќе им одговараше на штипјани.