Баерн и Реал се во трка за важен фудбалер на Манчестер Сити

Според англиските медиуми, Реал Мадрид и Баерн Минхен го сакаат потписот на хрватскиот дефанзивец на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол.

Хрватот е еден од клучните играчи на Пеп Гвардиола откако во 2023 година пристигна од Лајпциг во Сити.

Неговиот актуелен договор е до јуни 2028 година, а Манчестер Сити се надева на продолжување на соработката.

Во Манчестер Сити се свесни за интересот на Баерн и Реал и ќе се обидат со понуда за нов договор да го задржат Гвардиол.

Сити е комфорен, не мора ова лето да го продава Гвардиол, евентуално хрватскиот фудбалер ако направи притисок и побара заминување би можеле работите да се променат.

Манчестер Сити не продава фудбалери на кои Гвардиола смета.