Селта го победи Атлетико среде Мадрид и го одржа сонот за ЛШ! (ВИДЕО)

Селта со 1-0 славеше на гостувањето кај Атлетико Мадрид и ги задржа шансите за петтата позиција која води во ЛШ иако тие не им се многу големи.

За Атлетико Мадрид сезоната е практично завршена, имаат обезбедено место во Лигата на шампионите, а борбата за трофеите во куповите  им заврши.

Селта го искористи сето тоа и со гол на Иглезиас во 62. минута дојде до победа од 1-0 на Ванда Метрополитано.