Шампионот немаше милост: Интер го декласира Лацио среде Рим

Новиот италијански шампион Интер немаше милост на гостувањето во Рим кај Лацио и славеше со 3-0 против домаќинот во 36. коло од Серија А.

„Нераѕурите“ беа опасни од самиот почеток на мечот и по само шест минути погодија преку Лаутаро Мартинез, а до крајот на првото полувреме стрелаше и Сучиќ.

Дополнителен проблем за Лацио беше црвениот картон на Ромањоли во 59. минута, по што Интер до крајот постигна уште еден погодок, и тоа преку Михтаријан.

Интер има 85 бодови на првата позиција, додека Лацио е на осмото место со 51 поен во Серија А.

Фото: Facebook/Inter