Севилја го победи Еспањол и избега од зоната за испаѓање од Ла Лига

Фудбалерите на Севилја го совладаа Еспањол со пресврт (2-1) во 35. коло од шпанската Ла Лига.

Првото полувреме помина без погодоци, по што двете екипи се разиграа во вториот дел од натпреварот.

Санчез погоди во 46. минута, но голот беше поништен поради офсајд, по што Еспањол поведе со погодокот на Долан во 56. минута.

Кастрин во 82. минута успеа да израмни на 1-1, а во првата минута од судиското надополнување Адамс ги постави конечните 2-1.

Севилја со оваа победа скокна дури до 12. место и има 40 бодови, односно три повеќе од зоната за испаѓање.

Фото: Facebook/Sevilla FC