Англиски тим обвинет за шпионажа - во игра се над 200 милиони евра!

Третиот патник во Премиер лигата ќе го добиеме по одигрување на плејофот во Чемпионшип-лигата, но пред натпреварот меѓу Мидлсбро и Саутемптон беше предизвикан голем скандал.

„Би-Би-Си“ пишува дека аналитичарот на Саутемптон е фатен како го снима тренингот на Мидлсбро и притоа ги фотографирал тактичките планови на противничкиот тим.

Инцидентот се случил во четвртокот, кога тој бил забележан и од него било побарано да ги избрише материјалите и да го напушти тренинг-центарот, по што Мидлсбро поднесе и приговор до Англиската фудбалска асоцијација.

Влогот на тимовите е навистина огромен, па освен пласман во Премиер лигата би добиле и награда од над 200 милиони евра.

Фото: Facebook/Southampton FC