Борбата за опстанок продолжува: Леванте освои златни бодови против Осасуна!

Фудбалерите на Леванте триумфираа против Осасуна со 3-2 и освоија големи три бодови кои треба да им помогнат во борбата за опстанок во Ла Лига.

Леванте имаше кошмарен старт на натпреварот бидејќи по 11 минути игра губеше со 0-2, но сè се промени по половина час игра кога Гарсија со два погодоци успеа да израмни на 2-2, а потоа гостите останаа со играч помалку поради црвениот картон на Ерера.

Домашниот тим доминираше во остатокот од натпреварот и постојано се закануваше кон противничкиот гол, меѓуто Осасуна се бранеше сè до 90. минута кога Ета Ејонг ги постави конечните 3-2 за Леванте.

Поранешниот тим на Енис Барди има 36 бодови на 18. позиција во лигата, односно еден поен помалку од безбедната зона.

Фото: Facebook/Levante UD