Валенсија направи брејк во Атина - ќе игра „мајсторка“ со Панатинаикос
Шпанскиот тим на најдобар можен начин го отвори мечот и ја доби првата четвртина со +11 (26-15), додека Панатинаикос до полувреме намали на 37-44.
Големата борба продолжи и во завршницата од мечот кога грчката екипа израмни на 67-67, но потоа Валенсија влезе во одлична серија и создаде недостижна предност за да слави на крајот со 89-86.
Монтеро беше најефикасен во победата на Валенсија со 29 поени, седум скокови и седум асистенции, додека Осман запиша 26 поени и четири скокови за Панатинаикос, а Шортс додаде три поени.
Фото: Facebook/Valencia Basket Club