Торино со пресврт му пресуди на Сасуоло
Сите три голови беа постигнати во второто полувреме, и тоа најпрво Сасуоло погоди преку Торствет во 51. минута, а потоа следеше целосен пресврт.
Симеоне во 66. минута го најави пресвртот, а Педерсен само пет минути подоцна ја потврди победата од 2-1 на домашниот тим.
Торино по 36 одиграни кола се наоѓа на 12. место со 44 бодови, додека Сасуоло е на 10. позиција со 49 поени.
Фото: Facebook/Torino Football Club