Голеада во Дортмунд: Борусија го осигура второто место во лигата (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд во натпревар со пет голови славеше против Ајнтрахт Франкфурт (3-2) и го осигура второто место во Бундес лигата.

Две минути му беа потребни на гостинскиот тим да постигне гол преку узун, но „милионерите“ до крајот на првото полувреме го свртеа резултатот во своја корист со погодоците на Гираси и Шлотербек.

Инасио во 72. минута погоди за предност од 3-1, по што во самата завршница Букарт стрелаше за 2-3 и внесе мала неизвесност во последните минути од средбата.

Дортмунд со оваа победа стигна до 70 бодови во лигата и има осум поени повеќе од Лајпциг кој треба да одигра уште два меча до крајот.

Фото: Facebook/Borussia Dortmund