Се подготвува сензационална размена на возачи во Формула1!?

Светските медиуми пишуваат за можна размена на елитни возачи меѓу едни од двата најдобри тимови во Формула 1.

Наводно, Оскар Пјастри би можел да го замени Макс Ферстапен во Ред Бул, а Холанѓанецот да отиде во спротивен правец, да потпише за Мекларен.

Но, како опција за Ферстапен се споменува и Ферари. Тој е незадоволен од актуелната состојба во Ред Бул, но и воопшто во Формула 1. Не му се допаѓаат новите технички правила, па друри размислува и за напуштање на спортот.

Ако Ферстапен навистина го напушти Ред Бул. За овој тим дефинитивно Пјастри ќе биде прв избор. Тие од поодамна го сакаат овој возач.

Последните новости велат дека Пјастри исто така не е во целост задоволен од Мекларен поради што евентуалното заминување во Ред Бул е поизвесно.