Астон Вила и Фрајбург ќе се борат за трофејот во Лига Европа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила триумфираа со 4-0 против Нотингем Форест во реваншот и со вкупни 4-1 се пласираа во финалето на Лига Европа, а таму ќе се соочат против Фрајбург, кој славеше со 3-1 во реваншот против Брага (вкупни 4-3).

Екипата од Бирмингем го отвори резултатот преку Воткинс во 36. минута, додека во вториот дел постигна уште три погодоци против Нотингем Форест. Најпрво Буендија зголеми на 2-0 од пенал, а потоа МекГин стрелаше два пати за конечни 4-0.

Брага имаше кошмарен старт во Германија и црвен картон по само шест минути, а тоа го искористи Фрајбург за да погоди преку Кублер и Манзамби во првиот дел (2-0).

Кублер постигна и втор погодок за предност од 3-0, додека Брага преку Виктор намали на 1-3 со што ја врати надежта на гостите за кратко дека можат да изборат продолженија, меѓутоа португалскиот тим немаше сила за втор погодок.

Финалето во Лига Европа ќе се одигра на 20 мај од 21 часот.

Фото: Aston Villa FC/Facebok