Пелистер му ја честиташе титулата на Вардар и им забрани на фановите да коментираат на објавата!
По честитката на нивниот официјален фејсбук профил, Пелистер реши да ја исклучи можноста за оставање коментари под објавата.
„Честитки до екипата на РК Вардар 1961 за освоената титула. Зад нас оставаме сезона во која не ги искористивме нашите шансите во одредени периоди и резултираше со лош крај. Нека биди ова една поука и уште во наредна сезона многу посилни да го вратиме она што е наше!!! ЗЕЛЕНА АРМИЈА!!!!!“, стои во објавата.