Георгиевски: Ги остваривме нашите цели - двојна круна и четвртфинале во Европа!
Гоце Георгиевски кажа дека ги оствариле зацртаните цели пред почетокот на сезоната, односно освојување на двојната круна и четвртфинале во ЕХФ Европската лига.
„Пред почетокот на сезоната сакавме да ја освоиме двојната круна и да стигнеме до четвртфинале во Европа и успеавме во тоа на крајот. Сакавме да одиме чекор понатаму со Монпелје, но не успеавме. Сепак, зад нас е успешна сезона. Им честитам на моите соиграчи за оваа напорна сезона, со многу притисок, откако минатата сезона ја изгубивме титулата. Чувствувавме притисок, но покажавме доминација во текот на целата сезона во македонското првенство и мислам дека заслужено сме шампиони. Се надевам дека ќе се прикажеме во добро светло идната сезона, имаме добри ракометари“, кажа Георгиевски.