Реал ги суспендира тепачите Валверде и Чуамени - неизвесни се за Ел Класико

Тепачката што се случила денеска во соблекувалната на Реал, меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени, очигледно ќе има далекусежни последици и по клубот и по фудбалерите.

Вработените во базата на Реал за новинарите изјавиле дека ова е најголем инцидент во историјата на клубот бидејќи Чуамени така го удрил својот соиграч што Уругваецот ја загубил свеста и ја повредил главата поради што тренерот Арбелоа морал да го однесе в болница. Случката не можела да се скрие од медиумите и во моментов владее невиден хаос во клубот.

Ново е тоа што двајцата фудбалери се суспендирани и против нив е отворена дисциплинска постапка. И едниот и другиот се отстранети од тимот и многу веројатно ќе го пропуштат претстојното Ел Класико кое се игра в недела на Камп Ноу.