ПСЖ игра второ финале во ЛШ откако Мбапе замина, Реал втора сезона без трофеј!
ПСЖ го мина полуфиналето против Баерн Минхен и ќе го брани трофејот од Лигата на шампионите во Будимпешта против Арсенал.
Ова е второ последователно финале за францускиот тим и тоа второ откако Килијан Мбапе замина од ПСЖ.
Францускиот фудбалер се пресели во Реал Мадрид за да ги освои најголемите фудбалски височини, но кралскиот клуб со него завршува втора сезона без трофеј.
За оваа статистика која не оди во прилог на Мбапе, многумина го обвинуваат токму него. Го потенцираат неговото големо его, недоволната ангажираност во фаза на одбрана, тактичката непослушност и опседнатоста со личните бројки на голови и асистенции.