Проширена казната на Престијани: Поради Винисиус пропушта и дел од Мундијалот!
Имено, ФИФА потврди дека суспензијата на УЕФА ќе важи на сите натпреварувања и под нејзина надлежност, што го вклучува и Мундијалот. Престијани е казнет со шест натпревари забрана за играње, од кои три се условни. Еден натпревар веќе одработи и тоа ретроактивно на реваншот против Реал Мадрид.
„Дисциплинската комисија на ФИФА одлучи да ја прошири суспензијата од шест натпревари, која УЕФА му ја изрече на фудбалерот на Бенфика Џанлука Престијани, така што таа ќе важи на светско ниво. Казната е проширена согласно член 70 од Дисциплинскиот кодекс на ФИФА“, изјави портпаролот на ФИФА.
Оваа одлука значи дека Престијани сигурно ќе ги пропушти првите две натпревари на Аргентина на Светското првенство. Во случај на повторен прекршок, би се активирал и остатокот од казната, што би можело да го остави надвор од терените на подолг период.
Секако ваквата казна може да биде причина и за селекторот Скалони добро да размисли дали воопшто Престијани да го вклучи на списокот фудбалери на кои ќе смета во САД.