Амбасадарот на БиХ гостин на ФФМ пред натпреварот на Кошево

Босна и Херцеговина и Македонија на 29 мај на Кошево ќе играат пријателски натпревар кој за Босанците ќе биде последен пред заминувањето за САД, а пред овој дуел првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ се сретна со босанскиот амбасадор Драган Јакимовиќ.

Јакимовиќ беше гостин во „Куќата на фудбалот“ и на средбата со Омерагиќ се разговарало за пријателските односи меѓу двете земји, како и за интересот за натпреварот кој ќе се игра пред околу 35.000 гледачи.

Пред овој дуел за босанските медиуми интервју во кое зборуваше на повеќе теми даде и селекторот Гоце Седлоски.