Митровиќ пак доби црвен картон поради груб старт, потече и крв

Српскиот интернационалец Урош Митровиќ повторно предвреме заврши натпревар на Вардар.

„Црвено-црните“ играат реванш меч од четвртфиналето на ЕХФ Европската лига против Монпелје, а Митровиќ мораше да замине во соблекувална уште кон средината на првото полувреме. Причината беше исклучително груб старт врз оротивнички игра при штон на ракометарот на францускиот тим му потече и крв, а се создаде и тензија на теренот.

Ова не е првпат Митровиќ да добие црвен картон оваа сезона. Последниот беше во полуфиналето од Купот на Македонија, против Алкалоид кога мораше да го напушти теренот уште во седмата минута.

На првиот натпревар против Монпелје, одигран минатата недела во Франција, исклучен беше Жуниор Тузолана.