Сабаленка најавува голем бојкот: Тоа ќе биде единствениот начин!
Сабаленка, заедно со првиот светски рекет, Италијанецот Јаник Синер, е меѓу водечките тенисери и тенисерки, најголем дел од топ 10 на ранг-листите кои изразија сериозно незадоволство од наградниот фонд на Ролан Гарос.
„Без нас не би постоел турнирот, ниту пак таа забава. Сметам дека дефинитивно заслужуваме да добиваме поголем процент. Верувам дека во одреден момент ќе дојде и до бојкот, тоа ќе биде единствениот начин да се избориме за нашите права“, изјави Сабаленка пред новинарите во Рим.
Тенисерите побараа и подобра застапеност, здравствена заштита и пензиски услови од грен-слем турнирите, Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон и Ју-Ес Опен.
Инаку, организаторите на претстојниот Ролан Гарос минатиот месец објавија дека наградниот фонд е зголемен за 10 отсто и изнесува 61,7 милиони евра, што е за 5,3 милиони евра повеќе во однос на минатата година.
Фото: Aryna Sabalenka/FB