Ништо од Реал: Мурињо може да се врати во Премиер лигата?

Португалскиот стратег и актуелен тренер на Бенфика, Жозе Мурињо, би можел повторно да се врати во англиската Премиер лига и тоа на клупата на Њукасл.

Според информациите на островските медиуми луѓето во Њукасл веруваат дека токму Мурињо е вистинскиот човек со кого би можеле да се борат и за трофеи. 

Мурињо во својата кариера повеќепати освојуваше титули во Англија и Италија, а зад себе има и две титули во Лигата на шампионите. Познат е по своите лидерски способности и умешноста да создаде победнички менталитет во секој тим што го води.

Од друга страна, Њукасл минатата година го освои својот прв домашен трофеј по пауза од 70 години, триумфирајќи во Карабао купот, а во две од последните три сезони беше дел од европските натпреварувања.

Сепак, оваа сезона клубот падна во долниот дел од табелата во Премиер лигата, што создаде дополнителен притисок врз тренерот Еди Хау и ги засили шпекулациите за евентуалното доаѓање на Мурињо на „Сент Џејмс Парк“.

Ќе потсетиме, шпанските медиуми сериозно шпекулираат дека Мурињо е еден од кандидатите и за преземање на Реал Мадрид.

Фото: Benfica CF