Хориха и Малус се неизвесни и за утрешниот реванш!
Голем проблем за Вардар во тој дуел беше отсуството на Јака Малус и Дмитро Хориха, а двајцата се неизвесни и за утрешниот реванш. На денешната прес-конференција Чупиќ потврди дека ќе бидат во составот, меѓутоа нивниот настап е неизвесен.
Ќе бидат во составот, а дали ќе може да играат ќе видиме утре. Вчера не тренираа, денеска првпат работеа со тимто, колку ќе можат ќе видиме“, изјави Чупиќ.
Реваншот во „Јане Сандански“ е закажан за во терминот од 20:45 часот.