Чупиќ: Може ќе ми кажете дека сум будала, но јас верувам!

Ракометарите на Вардар утре ги чека тешка задача против Монпелје во реваншот од четвртфиналето во Лигата на Европа откако на првиот натпревар загубија со десет разлика (33-23).

Иако јасно е дека воопшто нема да биде лесно, сепак тренерот Чупиќ на денешната прес-конференција порача дека верува во пресврт.

„Имавме добри и лоши моменти, првото полувреме бевме подисциплинирани и првпат сезонава игравме на резултатот. Вториот дел лошо го отворивме и целиот меч се сврти. Сега се подготвуваме и сакам сите да веруваат бидејќи во оваа сала е тешко да се игра и секој кој доаѓа има почит кон нас. Мораме да се прикажеме во подобро светло и веруваме дека можеме да ги стигнеме десет разлика. Може ќе ми кажете дека сум будала, но никој не може да ни забрани да веруваме“, изјави Чупиќ.

Натпреварот помеѓу Монпелје и Вардар е закажан за во терминот од 20:45 часот.